• Skip to primary navigation
  • Skip to content

П.И.К. Ко

Header Right

  • Насловна
  • За Нас
  • Производи
    • МЕСНА ИНДУСТРИЈА
    • МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА
    • КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА
    • ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА
    • МЕЛНИЧКА ИНДУСТРИЈА
    • КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА
    • ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАДОЛЕД
    • ПРОИЗВОДСТВО
    • Сите Производи
  • Партнери
  • Вести
  • Контакт
  • English

За Нас

П.И.K. Ко Македонија – КОИ СМЕ НИЕ?

Што работиме ние?

П.И.К.Ко Македонија е основана во 2001-та како дел од интернационалната групација П.И.К.Ко. Наша главна определба е да понудиме нови репро-материјали и функционални суровини на прехранбената индустрија за унапредување на прехранбеното производство и подигајќи го нивото до светските стандарди.
Од 2007-та имаме и сопствено производство на функционални смеси и додатоци со што го промовиравме брендот на П.И.К.Ко како иновативен добавувач на идеи и решенија. Денес П.И.К.Ко е лидер во трговијата со суровини и репро-материјали во сите гранки на прехранбената индустрија.

Нашите силни страни и успеси:

  • Технолошка поддршка
  • Нови идеи
  • Економични решенија
  • Наменски (Tailor-made) производи
  1. Ние почнавме со помалку од 100 суровини за да денес имаме портфолио со над 1000 суровини
  2. Почнавме со неколку стандардни функционални смеси за низ годините да го прошириме опсегот и да промовираме преку 60 уникатни наменски производи за специјална намена, со специфична функционалност
  3. Работевме напорно за да ја стекнеме довербата на повеќе од 1000 задоволни купувачи
  4. Сите процеси во нашата компанија се сертифицирани според ISO 22000 – системот за безбедност на храната. За целосно да ги задоволиме барањата на купувачи, нашите tailor-made производи се Halal сертифицирани.

Како го постигнавме тоа?

Денес, функционалните суровини достигнаа напредно ниво на перформанси и функционалност во исполнувањето на барањата на купувачите како што е креирањето на финален производ со висок квалитет по конкурентска цена.
Имајќи го ова како насока во работењето како и високото ниво на стручна спремност на нашиот технолошки тим обучен од познати добавувачи од целиот свет, ние изградивме силна и нераскинлива врска помеѓу барањата на нашите купувачи и нас како добавувачи на суровини.

Покрај стандардните функционални смеси, нашите уникатни наменски производи станаа заштитен знак за успехот на нашето производство.

Денес со гордост може да кажеме дека наш дневен предизвик е да понудиме што повеќе производи со подобрена функционалност во однос на претходните серии.

Флексибилноста во исполнувањата на барања на купувачите е дополнителна јака страна на нашата компанија. Периодот на испорака на нарачките од 24 до 48 часа за локалните купувачи и помалку од 10 дена за извоз, не чини посакуван добавувач.

Ако некогаш бевме ориентирани кон локалниот пазар, сега гордо можеме да кажеме дека имаме задоволни купувачи ширум светот, од нашите соседни земји преку Блискиот Исток до Далечниот Исток!

Зошто би не избрале нас како Ваш партнер?
Затоа што: Нашите суровини се инспирација за Вашите производи

Ви благодариме на довербата!

Искрено Ваши,
тимот на П.И.К.Ко Македонија

Copyright © 2019 · P.I.C. Co · Built on the Genesis Framework